Швајцарскиот франк денеска порасна во однос на американскиот долар и сега е на ниво кој не е забележан повеќе од 10 години, што дополнително ги компликува позициите на Швајцарската народна банка и отвара дилеми за монетарната политика.
Франкот од почетокот на годината порасна за повеќе од 3 насто, откако во 2025 забележа раст од околу 14 насто во однос на американскиот долар.
Аналаитичарите предуперуваат дека силниот франк ги засилува дефлаторните притисоци во Швајцарија, каде што годишната инфлација изнесува само 0,1 насто, а експертите прогнозираат дека валутата и натаму ќе зајакнува.
Слични новости
Цената на нафтата Брент падна под 100 долари за барел
Цената на сировата нафта денеска падна на светските берзи за 3,48 насто на 95,5 долари за барел, а цената на нафтата Брент падна за 1,35 насто на 98 долари за барел.
Меѓународната агенција за енергетика предвидува голем пад на побарувачката на нафта
Војната на Блискиот исток го предизвика „најголемиот удар врз понудата на нафтата во историјата“ со загуба од 10 миллиони барели минатиот месец.
Цените во САД растат побргу од платите на Американците
Во САД владее загриженост поради тоа што растот на платите на Американците е престигнат од зголемувањето на цените. Минатиот месец цените во САД пораснаа за 3,3 насто.


