Цената на сировата нафта денеска падна на светските берзи за 3,48 насто на 95,5 долари за барел, а цената на нафтата Брент падна за 1,35 насто на 98 долари за барел. Падот на цената на нафтата е последица на охрабрувањето на инвеститорите со изјавите на американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и очекувањата да продолжат мировните преговори меѓу САД и Иран.
Венс порача дека Вашингтон и Техеран воделе „добри разговори“ минатиот викенд кои помогнале да се разјаснат приоритетите на САД, вклучувајќи го и повторното отварање на Ормутскиот теснец.
Како резултат на охрабрувачките вести од САД европските берзи се денеска во плус. Франкфуртската берза порасна за 0,95 насто, Француската за 0,37, а Лондонската за 0,25 проценти.
Слични новости
Силен раст на азиските берзи поради сигналите за мир на Блискиот исток
Азиските берзи денеска забележаа силен раст по новите сигнали за можна мировна спогодба на Блискиот исток, додека цените на нафтата паднаа на најниското ниво во последните два месеца.
Трамп: Ја сакам инфлацијата
Претседателот на САД Доналд Трамп ги прифати податоците што покажуваат дека инфлацијата се зголемила за повеќе од 4%, изјави дека ја „сака“ инфлацијата и повтори дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната со Иран.
Цените на нафтата пораснаа на повеќе од 91 долар, европските индекси во плус
Европските индекси денеска се во благ плус, а цената на нафтата Брент порасна на повеќе од 91 долар, додека пазарите ги очекуваат податоците за инфлацијата во САД.


