Незапаметениот топлотен бран со рекордни температури во Европа според проценките на Светската здравствена организација (СЗО) е поврзан со стотици дополнителни смртни случаи.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата X соопшти дека „од 21 јуни во Европа се регистрирани повеќе од 1.300 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури“.
Тоj исто така предупреди дека Европа е континент што најбрзо се загрева во светот, при што темпото на затоплување е двојно побрзо од глобалниот просек.
Според Тедрос, во моментов околу 150 милиони луѓе се изложени на екстремни температури. Во повеќе земји се затворени училишта, а енергетските системи се под сериозен притисок и во некои случаи колабираат.
Тој нагласи дека топлотниот стрес често се нарекува „тивок убиец“, додавајќи дека европските домови, работни места и образовни институции не се приспособени за вакви екстремни температури.
Слични новости
Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами
Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го потресе Кумамото на јужниот главен остров Кјушу во Јапонија, а издадено е и предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Иран најави дека нема да напаѓа сѐ додека Америка се воздржува од напади
Иран ќе ги запре своите напади сè додека и САД го прават истото, изјави за „Ројтерс“ висок ирански функционер. По 13 ноќи засилени американски воздушни напади врз Иран, Пентагон ја суспендираше кампањата доцна во петокот
Украина ги нападна Белгород и Ростов двајца загинати и најмалку 17 повредени
Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.


