Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане,  утврди дека тој убил 4 жени и имал уште два обиди за убиство. Во текот на истрагата биле откопани телата на три жени, а обдукцијата  утврдила дека две од нив се негови жртви.

Убиецот бил пресметлив кога ги извршувал убиствата , а убивал од омраза кон жените. Обвинението се очекува да биде подигнато за еден месец.

Првото убиство го сторил во јануари минататa година а беше уапсен после една година, во февруари годинава. Три од жртвите се повозрасни, а една помлада.

Се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Осомничениот има 25 години. 

 

Слични новости

Од денеска дождливо и облачно време

Од денеска дождливо и облачно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.