Во бранот високи температури кој последните денови ја зафати Франција, забележани се седум смртни случаи, изјави портпаролката на француската влада Мод Брежон.

„Она што може да го кажам е дека има седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со екстремните горештини“ изјави Мод Бреѓон.

Францускиот премиер Себастијен Лекорни ќе претседава со состанок на владата посветен на топлотниот бран кој е закажан за в четврток.

Состанокот ќе биде посветен на пристапот до јавноста, состојбата со подземните води и ризиците од шумски пожари.

Слични новости

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Екипажот на мисијата „Артемис II“ на НАСА се наоѓа на половина пат до Месечината, откако успешно ја напушти орбитата на Земјата и продолжи кон својата цел. Леталото „Орион“ моментално се наоѓа на повеќе од 228.000 километри од Земјата, а астронаутите ја одбележаа оваа пресвртница со голема радост.