СДСМ ја обвини Владата дека планира да потроши околу 100 милиони евра за набавка на нов владин авион, наместо средствата да се насочат кон зголемување на платите, изградба на училишта и болници или поддршка на граѓаните, изјави портпаролката на партијата Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.
Таа рече дека додека граѓаните се соочуваат со економски притисоци и работниците протестираат за повисоки плати, Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра и истовремено разгледува набавка на нов авион.
Кузеска наведе дека со сума од 100 милиони евра, според нивните проценки, би можело да се обезбедат средства за зголемување на минималната плата, изградба на нови училишта, градинки, студентски домови и болници, како и инфраструктурни проекти како водоводи и канализации.
Таа додаде дека, според СДСМ, Владата ги намалила средствата за земјоделски субвенции, спорт и поддршка за лица со ретки болести, додека истовремено планира нови големи јавни набавки.
Слични новости
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Предвидено е двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји
Заемот од 260 милиони евра пред пратениците
Собранието денеска ќе ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред се преостанатите три точки, меѓу кои и предлог-законот за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра, по скратена постапка.
Врнежлив и нестабилен викенд со услови за силно невреме и град
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, а на повеќе места низ државата ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 50 километри на час.


