На Западниот Балкан кон крајот на 2026 се очекува забрзување на економскиот раст, со натамошно засилување на овој тренд и во следната година, поттикнат од потрошувачката и инвестициите, се наведува во денешниот извештај на Светската банка за западен Балкан.

Според проекциите просечната стапка на раст во Србија, Албанија, Босна, Македонија и Црна Гора ќе достигне до 3,1 насто во 2026, што претставува зголемување од 2,6 насто колку што беше растот во 2025.

 Економијата на регионот се покажа како отпорна на поковите и го продолжува трендот на конвергенција со Европската унија, соопшти Светската банка.

Во извештајот се наведува дека на стопанствениците може да им се помогне да отвараат нови работни места, доколку се усвојат поефикасни трговски прописи кои ќе им овозможат да бидат поконкурентни на светските пазари.

Слични новости

Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември

Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември

Владата го намалува ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 отсто. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за Еуросупер БС-95, односно 102,5 денари за литар Еуросупер БС-98.