Сан Антонио утринава ги совлада ЛА КЛиперс со 124:112 и со тоа ја презеде лидерската позиција во западната конференција.
Во тимот на Сан Антонио најефикасен беше Виктор Вембенјама со 32 коша и 11 скокови. Дабл-дабл учинок имаше и Стефон Касл со 21 кош и 12 асистенции.
Милвоки бакс пак утринава го забележаа 12-от пораз во низа. Тие на домашен терен загубија од Портланд со 124:114.
Ова е најлош старт на МИлвоки во историјата на клубот со само една победа од 16 натпревари.
Слични новости
Денвер го победи Бостон во дербито на вечерта во НБА лигата
Кошаркарите на Денвер Нагетс на свој терен ги победија Бостон Селтикс со 105:101 во дерби натпреварот од НБА лигата, во кој играа два НБА шампиони во последните 4 години.
Јута Џез ја прекинаа фантастичната низа од девет победи
Јута Џез иако без најдобрите играчи ги изненади Лејкерс на гостувањето во Лос Анџелес со 109:97 и така ја прекина низата на Лејкерси кои до овој меч имаа девет последователни победи.
Кевин Де Брујне дефинитивно заминува од Наполи
Белгискиот ветеран Кевин Де Брујне порача дека веќе не сака да игра во Наполи и дека е подготвен на раскинување на договорот и на сопствена штета, само што побрзо да си замине од Италија.


