Кошаркарите на Сан Антонио се пласираа во полуфиналето на плеј офот на западната конференција на НБА лигата, откакоденеска на свој терен го победија Портланд со резултат 114:95 во петтиот натпревар од првото коло на плеј офот.

Најефикасен во екипата на Сан Антонио беше Деарон Фокс со 21 кош, а Џулијан Шампањи постигна 19. Францускиот феномен Виктор Вембенјама меќот го заврши со 17 поени, 14 скокови, шест блокади и три асистенции.

Во полуфиналето на западот Сан Антонио ќе игра против победникот од серијата меѓу Денвер и Минесота.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.