Столбот на одбраната на Арсенал и на француската репрезентација Вилијам Салиба најверојатно ќе мора да се лекува од повреда неколку недели. Француските медиуми пишуваат дека Салиба бил повреден и пред финалето на Лигата на шампионите во саботата, но сакал да игра по секоја цена и така ја влошил ситуацијата со повредата.
Според последните информации, Салиба го очекува повеќенедела пауза и најверојатно ќе мора да го пропушти Светското првенство во фудбал.
Селекторот на Франција Дидие Дешамп сакаше стоперскиот тандем да го сочинуваат Салиба и Упамекано, но најверојатно втор стопер сега ќе биде Ибрахим Конате од Ливерпул.
Салиба сезонава одигра над 50 натпревари и неговото тело попушти под огромниот напор.
Слични новости
Денвер се намачи против аутсајдерот Јута Џез
Јута водеше во текот на целото второ полувреме, а до 5 минути пред крајот нивната предност беше двоцифрена. Денвер направи пресврт во последните три минути од натпреварот со кошеви на Јокиќ во рекетот и неколку тројки.
Јувентус се договори со Влаховиќ и Спалети за идната сезона
Италијанскиот медиуми пишуваат дека Јувентус договорил продолжување на соработката со напаѓачот Душан Влаховиќ и тренерот Лучиано Спалети. Се очекува двајцата да потпишат договори до летото 2028.
Познати финалните парови за последните 4 места што водат на Светското првенство
Најинтересниот дуел е меѓу Босна и Херцеговина и Италија, со предност на домашен терен за Босанците. Шведска ќе игра против Полска откако синоќа со хет-трикот на Ѓокереш ја победи Украина со 3:1, додека Полска ја елиминира Албанија.


