Според пишувањето на „политико“ Пентагон со месеци распоредува трупи и воена техника за можна воена операција против Куба, а за покренување на акцијата недостига само конечната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според овие извештаи ударна група на носачи на авиони предводена од УСС „Нимиц“, заедно со повеќе разурнувачи и крстосувачи опремени со наведувани ракети, влезе во Карипското море.

Истовремено, амфибискиот јуришен брод „Кирсарџ“ со околу 2.500 маринци, се подготвува за ново распоредување.

Евентуалниот прв напад се очекува да биде насочен кон онеспособување на кубанските системи за противвоздушна одбрана, за да се отвори можност за операција од поголеми размери.  

Слични новости

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен оцени дека НАТО без учество на САД „не значи ништо“, укажувајќи дека европските земји и натаму го голема мерка се потпираат врз САД кога станува збор за безбедноста.