САД ја одобрија продажбата на 500 ракети-пресретнувачи „Патриот“ (PAC-3) за Украина, во вредност од 2,1 милијарди долари, во момент кога земјата се соочува со засилени руски воздушни напади. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека за испораката на ракетите би можеле да бидат потребни и неколку години.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека набавката целосно ќе биде финансирана од европските сојузници на Украина и Канада, без користење американски средства.
Плаќањето ќе се реализира преку донации од Канада, Германија и Норвешка, програмата JUMPSTART, како и национални средства финансирани преку заемот на Европската Унија за поддршка на Украина.
Главен изведувач на договорот ќе биде американската компанија „Локхид Мартин“. Од Стејт департментот оценуваат дека продажбата ќе придонесе за остварување на американските надворешнополитички и безбедносни цели, преку зајакнување на одбраната на Украина и стабилноста во Европа.
Зеленски ја поздрави одлуката на Вашингтон, но порача дека на Украина ѝ се потребни ракетите веднаш, а не по неколку години. Тој повторно побара од САД да ја забрзаат испораката на противвоздушните системи, кои се меѓу ретките ефикасни средства за пресретнување на руските балистички ракети.
Слични новости
Албанија ќе ги казнува со по 6.000 долари насилните демонстранти
Албанската влада усвои мерки со кои се предвидуваат казни до 500.000 леки, односно околу 6.130 долари, за лицата кои остануваат во толпа што учествува во насилство или ограбување на јавен простор, дури и ако лично не извршиле насилни дејства.
Над 60 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија, човечка грешка причина за трагедијата
Најмалку 64 лица загинаа, а повеќе од 179 се повредени во судирот на двата воза утрово во Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, покажуваат најновите податоци од Службата за цивилна заштита во Кастиља-Ла Манча
Нетанјаху и опозицијата со еднакви шанси за победа по 60 насто преброени гласачки ливчиња
На повеќе од 60 проценти обработени гласачки места, актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху е во благо водство. Сепак, израелските медиуми предупредуваат дека до крајот на пребројувањето ситуацијата може да се смени


