САД употребија повеќе од 60 противвоздушни ракети од тиопот „патриот“ за време на иранскиот ракетен напад врз американска воена база во Јордан, објави порталот Милитарни. Објавени се и снимки на кои се гледа масовната употреба на ракетите „Патриот“.
Јорданските оруќени сили соопштија дека системите на противвоздушна одбрана пресретнале 18 од 20 ирански ракети, додека две ракети паднале во ненаселени подрачја.
Иранските ракети биле насочени кон воздугопловната база Мувафак Салти, позната и како базата Ал-Азрак во која се стационирани американски авиони и воен персонал.
Милитарни наведува дека во нападот биле оштетени девет авиони на американското воено воздухопловство.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.