Методот на генетски инжинеринг кој овозможува уредување на човековиот геном за целосно лекување на хепатитисот Б, во иднина би можела да се користи и за лекување на ракот, изјави раководителот на Лабораторијата за генетски технологии „Сеченов“ Дмитриј Костјушев.

Пристапот до кој стигнаа руските научници се нарекува „биокамуфлажа“, затоа што лекот не содржи никакви вирусни или бактериски компоненти, па имунолошкиот систем не ги препознава како закана.

Руските научници тврдат дека ефикансоста на лекот изнесува 80 насто и дека една наночестичка содржи 200-250 копии на антивирусни комплекси, што е доволно да се отстранат сите вирусни геноми во заразената клетка.   

Слични новости

Слика од Пикасо за 100 евра

Слика од Пикасо за 100 евра

Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Астронаутите поминаа околу 10 дена во лет, следејќи траекторија на „слободно враќање“