Руската тенисерка со казахстански пасош Елена Рибакина денеска стигна до својата втора Гренд слем титула откако во финалето на Австралија опен ја победи најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка со 2:1 во сетови 6:4, 4:6 и 6:4.
Сабаленка влезе лошо во мечот и Рибакина лесно го освои првиот сет, но потоа во вториот Арина Сабаленка почна да сервира многу силно, далеку посилно од нејзиниот просек на турнирот и до 10-иот гем освои 18 од 19 поени кога го погодуваше првиот сервис.
Откако Сабаленка изедначи на 1:1 во вториот сет , таа заводе и со 3:0 во третиот сет, но потоа Рибакина направи фантаситечн кам-бек и од 0:3 успеа да освои 5 гема по ред за водство од 5:3 и победа во третиот сет.
Слични новости
Се повреди стоперот Жаке кој Ливерпул го купи за 72 милиони евра
Медиумите пишуваат дека Жаке најверојатно ќе мора да оди на операција, а потоа и на повеќемесечна рехабилитација. Тој беше планиран како големо засилување во срцето на одбраната на Ливерпул за сезоната 2026/2027.
Кем Томас од Бруклин во Милвоки
Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН
Крај на сезоната за Џејми Гитенс од Челси
Фудбалерот на Челси Џејми Гитенс ќе отсуствува подолго време од терените поради повреда на бутниот мускул, соопшти денеска лондонскиот клуб.