Повеќе од десет лица се повредени, меѓу кои има и деца, во руските воздушни напади врз неколку региони во Украина, соопшти претседателот Володомир Зеленски.
Во нападите со балистички ракети, други ракети и беспилотни летала во Киев и Одеса биле погодени обични станбени згради, а имало напади и на енергетски објекти.
Државната служба за вонредни ситуации соопшти дека руските воздушни напади оштетиле згради во Киев и повредиле седумина во пристанишниот град Одеса на Црното Море. Меѓу овие повредени имало и две деца.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.