Американскиот државен секретар Марк Рубио изјави дека Ормутскиот теснец меѓу Иран и Оман мора да биде отворен „на овој или оној начин“. По најновите американски напади врз Иран Рубио рече дека преговорите за договор со Иран би можеле да потраат неколку дена, но дека Ормутскиот теснец ќе мора да биде отворен преку договор или со сила.

Нападот на американските сили во јужен Иран бил насочен токму кон места за лансирни ракети кај Ормутскиот теснец како и врз чамци во Ормутскиот теснец.

Американската војска соопшти дека нападите врз Иран биле превентивни и со цел за заштита на американските трупи.

 

 

Слични новости

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен оцени дека НАТО без учество на САД „не значи ништо“, укажувајќи дека европските земји и натаму го голема мерка се потпираат врз САД кога станува збор за безбедноста.