Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги утврди новите малопродажните цени на нафтените деривати за наредниот период.

Во пресрет на одлуката, Владата соопшти дека мерката за намалена акциза на горивата останува во сила до 15 јуни, а дополнително е обезбеден и попуст од два денари по литар преку договор со ОКТА.

Според владините проценки, дизел горивото би можело да поевтини за околу 6,5 денари по литар, додека кај бензините се очекува намалување од приближно 1,5 денари по литар.

Од Владата оценуваат дека мерките имаат за цел да го намалат товарот врз граѓаните и компаниите, особено во секторите кои најмногу зависат од транспортот и енергенсите.

 

Слични новости

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цената на нафтата Брент повторно скокна и стигна до 107 долари по барел, што е раст повисок од 5 проценти во однос на вчерашниот ден, неколку часа откако американскиот претседател најави брзо завршување на војната со Иран