ЛА Лејкерс денеска на свој терен го победија Кливленд со 127:113 и на шест натпревари пред крајот на регуларната сезона го зацврстија третото место во западната конференција на НБА лигата.

Најефикасен во тимот на Лејкерс беше Словенецот Лука Дончиќ кој постигна 42 коша. Со тоа Дончиќ стаса до 600 поени дадени во месец март, со што стана само еден од десетмината играчи во историјата на НБА што успеале да постигнат толкав број на кошеви во еден месец.

Дончиќ стана и играч на Лејкерси со најмногу поени во еден месец, уривајќи го рекордот на легендарниот Кобе Брајант.

Слични новости

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Искусниот италијански тренер Мауруцио Сари ја оконча соработката со Лацио, само една година откако беше поставен за шеф на стручниот штаб на тимот од Рим.