Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека ситуацијата на фронтот во Украина дава основа да се каже дека војната во Украина се приближува кон крајот. Путин сепак рече дека не е можно да се одредат специфични датуми за окончување на конфликтот, но дека тој изјавата ја дава врз основа на анализа на состојбата на фронтот, како и дека руската армија е во офанзива на сите делови од фронтот во Украина.

Путин порача и дека Русија не води агресивна политика кон западот и дека е подготвена за мир, но дека Европа, не посакува таков мир.

Тој рече и дека европските земји засега не предложиле посредник во преговорите со Русија, а дека за него поранешниот германски канцелар Герхард Шредер би бил прифатлив, затоа што смета дека тоа е човек на кој може да му се верува.

Слични новости

Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани

Лариџани не беше воен командант, но играше централна улога во обликувањето на стратешките одлуки на Иран. Тој беше на чело на донесувањето одлуки за војната, дипломатијата и безбедноста, особено во односите со САД и Израел

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона