Хоророт „Опсесија“ на режисерот Кари Баркер ги надмина прогнозите и заработи 16 милиони долари на Бокс Офисот во САД, иако прогнозите беа дека ќе отвори со заработка од 10 милиони долари.

Фимот се прикажува во 2.615 кино сали во САД, многу помалку од „Мајкл“ и „Ѓаволот носи Прада 2“ кои и натаму се неприкосновени на Бокс офисот.

Психолошкиот хорор доби извонредни оценки како од публиката, така и од критичарите и дури 94 насто од Ротен томејтоус.

Во филмот на младиот режисер главна улога ја толкува Мајкл Џонстон, а покрај него играат и Купер Томлинсон, Меган Лоулес и Енди Рихтер.

 

Слични новости

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Астронаутите поминаа околу 10 дена во лет, следејќи траекторија на „слободно враќање“