Студентите Албанци денеска повторно ќе протестираат со барање правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Протестот следува еден месец по првиот собир организиран пред Министерството за правда и Владата.
Поддршка за студентите пристигна од политички партии од албанскиот блок, како и од функционери од Албанија и Косово.
Од коалицијата Влен соопштија дека го поддржуваат барањето, но ја обвинија ДУИ дека се обидува политички да го искористи протестот.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата работи на законско решение за полагање на правосудниот испит на албански јазик и апелираше студентите да бидат трпеливи и да не дозволат политичка инструментализација на протестите.
Слични новости
Денеска пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за шверц на дрога
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана.
Собранието расправа за укинување на техничката влада
Собранието на Македонија ќе расправа за законските измени со кои се предвидува укинување на техничката влада. Покрај ова, пратениците расправаат и за други законски измени, меѓу кои и услов пратениците да имаат само едно државјанство.
Избори за ректор на УКИМ
Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев.


