Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој престојува во официјална посета на земјава.
Посетата е придружена со највисоки државни и воени почести на свечена церемонија во Кабинетот на претседателот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на двете делегации.
По разговорите, Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите. Во рамки на посетата, швајцарскиот претседател ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, како дел од протоколарната програма.
Слични новости
Завршни зборови во случајот против Стојанче Јовановски
Денеска во судот завршните зборови во случајот против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, како и за нанесување телесни повреди во контекст на семејно насилство и загрозување на сигурноста.
Протест пред Собранието против даноци на приходи од странство
Денеска нов протест организиран од група граѓани, кои изразуваат незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи во врска со оданочување на приходи остварени во странство изминатите години.
СДСМ: ЕУ преку Вајц потврдува дека со Мицкоски нема реформи, нема напредок
СДСМ смета дека власта ја турка државата кон изолација, додека граѓаните очекуваат реформи и напредок кон Европската унија.


