Њујорк ја забележа првата победа во новата сезона од НБА лигата со победата против Детроит од 111:97. Доминираше Карл Ентони Таунс со 27 коша и 20 скокови, а Џејлен Бронсон постигна 24 кај Њујорк, додека најдобар кај Детороит беше Дурен со 22 коша и 9 скокови.

Бостон дури по продолженија го победи Бруклин со 125:124 со кош на Тејтум на крајот од мечот.

Победа забележаа и ланскиот финалисти Сан Антонио кои убедливо го совладаа Сакраменто 130:103. Вембенјама постигна 29 коша со 10 скокови, а Џулијан Шампањ даде 26 коша од кои осум тројки.

Портланд славеше кај Лејкерси со 136:129. Дончиќ го заврши мечот со 41 поен, но тоа беше недоволно за да се спречи првиот пораз на Лејкерси во новата сезона. Кај Блејзерси Морант и Авдија дадоа по 23, а ветеранот Лилард 21 кош.

 

Слични новости

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година. Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.