Денеска во Собранието е закажана седница на која по  скратена постапка ќе се носи и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија.

Иако по новата еврообврзницата се бараа и дополнителни 300 милиони евра за буџетски потреби, неколку банки меѓу кои од Германија, Аргентина, САД, Австрија се договориле да дадат 260 милиони евра.

Планот е средствата да се искористат за буџетски потреби, како и за финансирање на капитални расходи. Рокот за отплата на заемот е седум, со грејс период од три години.

Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина која изнесува 2,10%, односно околу 4,4 %. 

 

Слични новости

OJO почна истрага за фемицидот во Битола

OJO почна истрага за фемицидот во Битола

Основното јавно обвинителство Битола ќе спроведе истражна постапка против мажот кој си ја уби сопругата во Битола. За 33-годишникот постои основано сомнение дека извршил кривично дело, убиство при вршење семејно насилство