Лука Дончиќ ќе го пропушти регуларниот дел од сезоната за Лејкерс, соопшти клубот од Лос Анџелес. Дончиќ е најефикаснкиот стрелец во НБА лигата и ги доведе Лејкерс до третата позиција на Западот, но се повреди на последниот натпревар меѓу Лејкерс и Оклахома.

Снимките од магнетната резонанца покажуваат дека има сериозна повреда на задната ложа и дека ќе отсуствува од терените неколку недели, најмалку до почетокот на плеј офот.

Дончиќ нема да може да ја освои ниту титулата најдобар стрелец на НБА лигата. Тој има просек од 33,5 коша по натпревар, но поради повредата сезонава ќе одигра само 64 мечеа, еден помалку од потребните 65 натпревари, што е минимумот на НБА за да се учествува во доделувањето на трофеите по завршување на сеоната.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.