Дебатата во Генералното собрание на ОН стартува од денеска до 28 септември , а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.

Околу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк за да ја испратат својата порака до светот.

 

 

Светските лидери оваа недела се собираат во обединетите нации, соочени со нови стравувања дека неконтролираната вештачка интелигенција би можела да го загрози човештвото, токму во време кога климатските шокови и растот на цените веќе го отежнуваат животот на стотици милиони луѓе.

Годишниот собир на високо ниво во рамките на Генералното Собрание на ОН  ќе биде фокусиран и на големите конфликти во Иран, Газа, Украина, Судан, Конго и Мјанмар.

 

Слични новости