САД ја одобрија продажбата на 500 ракети-пресретнувачи „Патриот“ (PAC-3) за Украина, во вредност од 2,1 милијарди долари, во момент кога земјата се соочува со засилени руски воздушни напади. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека за испораката на ракетите би можеле да бидат потребни и неколку години.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека набавката целосно ќе биде финансирана од европските сојузници на Украина и Канада, без користење американски средства.
Плаќањето ќе се реализира преку донации од Канада, Германија и Норвешка, програмата JUMPSTART, како и национални средства финансирани преку заемот на Европската Унија за поддршка на Украина.
Главен изведувач на договорот ќе биде американската компанија „Локхид Мартин“. Од Стејт департментот оценуваат дека продажбата ќе придонесе за остварување на американските надворешнополитички и безбедносни цели, преку зајакнување на одбраната на Украина и стабилноста во Европа.
Зеленски ја поздрави одлуката на Вашингтон, но порача дека на Украина ѝ се потребни ракетите веднаш, а не по неколку години. Тој повторно побара од САД да ја забрзаат испораката на противвоздушните системи, кои се меѓу ретките ефикасни средства за пресретнување на руските балистички ракети.
Слични новости
Александар Вучиќ најави дека ќе биде шеф на пратеничката група на неговата партија во Собранието која се нарече „Србија против теророт“
Вучиќ се закани дека гарантира оти ќе одговараат сите за „злостроствата што ги прават против народот на Србија, демократијата, газење на слободата на говорот и уривање на уставниот принцип на слободата на изразување“.
Стотици илјади демонстранти на улиците на француските градови
Поголемиот дел од протестите беше мирен, но сепак на одделни места полицијата мораше да интервенира што беше случај во Париз, Лион, Нант и Рен каде што полициските сили употребија солзавец.
Трамп: Изборите во Америка се толку наместени што не можете ниту да си замислите
Новите критики на Трамп на сметка на американскиот изборен систем уследуваат по изборите за Конгресот одржани на 3-ти ноември на кои Републиканската партија го загуби мнозинството и во Конгресот и во Сенатот.


