Легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман денеска почина во 79-тата година од животот, објави НБА лигата.
Аделман кој играше во неколку тимови во НБА, потоа стана познат тренер и во неговата кариера има забележано 1.042 победи, што е десетти најдобар учинок во историјата на НБА лигата.
Аделман е член на кошаркарската куќа на славните, а во тренерската кариера два пати играше во финалето на НБА лигата со Портланд.
Неговиот син Дејвид Аделман во моментов е тренер на Денвер Нагетс.
Слични новости
Орландо го приреди првото големо изненадување во плеј офот
Кошаркарите на Орландо кои изборија плеј оф учество како осми на истокот утринава го победија фаворитот на Истокот првопласираниот Детроит на гостински терен со 112:101 во првото коло од плеј офот.
НБА го сведе списокот на кандидати за МВП на три имиња: Јокиќ, Вембенјама и ШГА
Фаворит според американските медиуми е ШГА кој во просек постигнува над 30 коша по натпревар, кој и минатата година беше прогласен за МВП на лигата.
Орландо Меџик се пласираше во плеј офот по победа врз Шарлот
Последниот учесник на плеј офот во Источната конференција е тимот на Орландо Меџик кој утринава го победи Шарлот Хорнест во елиминацискиот натпревар од плеј инот со 121:90.


