Легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман денеска почина во 79-тата година од животот, објави НБА лигата.

Аделман кој играше во неколку тимови во НБА, потоа стана познат тренер и во неговата кариера има забележано 1.042 победи, што е десетти најдобар учинок во историјата на НБА лигата.

Аделман е член на кошаркарската куќа на славните, а во тренерската кариера два пати играше во финалето на НБА лигата со Портланд.

Неговиот син Дејвид Аделман во моментов е тренер на Денвер Нагетс.  

Слични новости

Хјустон ја забележа првата победа против Лејкерс, Бостон убедлив против Филаделфија

Хјустон ја забележа првата победа против Лејкерс, Бостон убедлив против Филаделфија

Хјустон Рокетс ја забележаа првата победа во серијата против Лејкерс со 115:96, откако во првите три меча Лејкерс поведе во серијата со 3:0. На Истокот Бостон поведе против Филаделфија со 3:1, со убедливата победа од 128:96 и стигна на чекор до полуфиналето