Легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман денеска почина во 79-тата година од животот, објави НБА лигата.

Аделман кој играше во неколку тимови во НБА, потоа стана познат тренер и во неговата кариера има забележано 1.042 победи, што е десетти најдобар учинок во историјата на НБА лигата.

Аделман е член на кошаркарската куќа на славните, а во тренерската кариера два пати играше во финалето на НБА лигата со Портланд.

Неговиот син Дејвид Аделман во моментов е тренер на Денвер Нагетс.  

Слични новости

Историски пресврт и прво полуфинале за Детроит на Истокот по 18 години

Историски пресврт и прво полуфинале за Детроит на Истокот по 18 години

Детроит успеа да се пласира во полуфиналето на Источната конференција откако утринава во мајстроката против Орландо победи со 116:94 и победи во серијата со 4:3. Детроит губеше со 3:1 од Орландо и практично „се врати од мртвите“.