Легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман денеска почина во 79-тата година од животот, објави НБА лигата.
Аделман кој играше во неколку тимови во НБА, потоа стана познат тренер и во неговата кариера има забележано 1.042 победи, што е десетти најдобар учинок во историјата на НБА лигата.
Аделман е член на кошаркарската куќа на славните, а во тренерската кариера два пати играше во финалето на НБА лигата со Портланд.
Неговиот син Дејвид Аделман во моментов е тренер на Денвер Нагетс.
Слични новости
Милан загуби дома од Аталанта и го закомпликува пласманот во ЛШ
Аталанта целосно го надигра домаќинот кој со овој пораз падна од второто на четвртото место на две кола пред крајот и си ја закомпликува позицијата во борбата за Лигата на шампионите.
Сан Антонио Спарс со убедлива победа израмнија на 1:1 против Минесота
Сан Антонио Спарс утринава жестоко возврати и победи со убедливи 133:95, со што и го нанесоа најтешкиот пораз на Минесота во еден плеј оф натпревар.
Њујорк поведе со 2:0 во полуфиналето на Истокот со Филаделфија
Њујорк Никс го добија и вториот меч во полуфиналната серија против Филадефија 76 во својот Медисон Сквер Гарден со 108:102.


