Русија денеска соопшти дека и натаму бара Украина да ги повлече своите вооружени сили од источниот дел на земјата како предуслов за решавање на конфликтот, во пресрет на разговорите во Абу Даби меѓу руски, украински и американски претставници.

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека територијалното прашање останува главната нерешена точка и дека ќе биде на дневен ред на преговорите што ќе се одржат во петок и сабота. Ова ќе бидат првите директни разговори меѓу Москва и Киев поврзани со американскиот план за надминување на конфликтот.

Портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков, изјави дека повлекувањето на украинските сили е суштински услов. „Украинските вооружени сили мора да го напуштат Донбас, мора да се повлечат.

Ова е многу важен услов“, порача Песков, додавајќи дека без решавање на територијалното прашање е бесмислено да се очекува склучување долгорочен договор.

 Русија бара повлекување на украинските сили од Донбас, индустриски и рударски регион во источна Украина кој ги опфаќа областите Доњецк и Луганск.

Нејзините барања особено се однесуваат на Доњецката област, која Русија делумно ја контролира и која и натаму останува епицентар на борбите. 

 

Слични новости

Европа ги проширува воено-безбедносните планови на Арктикот

Европските политичари се обидуваат да испратат сигнал до Вашингтон дека се способни самостојно да придонесат за заштита на американските интереси во поларниот регион, без да напаравт отстапки по прашањето на Гренланд.

Министерството за правда на САД објави над 3 милиони документи и фотографии за случајот со Епстин

Објавените досиеја го содржат и нацрт обвинението од Флорида во 2000-та, кое укажува на соучесници на Епстин, чии имиња не се објавени, а кои планирале да наговорат, поттикнат и привлечат лица помлади од 18 години на проституција.