Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим има шанси да ја освои титулата во Премиер лигата и оти в недела на домашен терен ќе игра „финале“ на Премиер лигата. „Ќе играме против тим кој во последните 49 натпревари има загубено само три пати, без ниту еден пораз во Лигата на шампионите“, рече Гвардиола.
Гвардиола рече дека Арсенал до сега беше најдобар тим во Англија и светот и дека ќе биде тешко да се победат и ги повика навивачите да му дадат поддршка на неговиот тим.
Во неделата Манчестер Сити го победи Челси на гости со 3:0, а Арсенал неочекувано киксираше против Бормут на домашен терен, па разликата меѓу првите два тима е само 6 бода, со натпревар помалку за Сити.
Слични новости
Сан Антонио го победи Њујорк во преполниот „Медисон сквер гарден“ и намали на 2:1
Кошаркарите на Сан Антонио на гости ги победија Њујорк Никс со резултат 115:11 во третиот меч од финалето на НБА лигата. Сега резултат е 2:1 за Њујорк во серијата која се игра до 4 победи.
Шведскиот фудбалер Исак Лидберг потпиша договор со Борусија Менхенгладбах
Досегашниот фудбалер на Дармштат Швеѓанецот Исак Лидберг потпиша договор со Борусија Менхенгладбах, соопшти денеска германскиот фудбалски клуб. Во соопштението се наведува дека Лидберг потпишал договор до 30-ти јуни 2030 година.
Флорентино Перез останува на челото на Реал Мадрид
По 20 години Реал Мадрид избираше претседател на клубот, но и натаму на челната позиција останува Флорентино Перез кој по пребројувањето на гласовите освои најмалку две третини од гласовите, пред неговиот противкандидат Енрико Рикелме.


