Досегашниот фудбалер на Дармштат Швеѓанецот Исак Лидберг потпиша договор со Борусија Менхенгладбах, соопшти денеска германскиот фудбалски клуб. Во соопштението се наведува дека Лидберг потпишал договор до 30-ти јуни 2030 година.

Лидберг има 27 години, игра на позицијата напаѓач и е повремен репрезентатицвец на Шведска. Пред Дармштат, тој играше за холандските клубови Утрехт и Го Ахед Иглс.

Не се соопштени деталите за висината на договорот. Борусија Менхенглкадбах минатата сезона заврши на 12-тото место, а годинава клубот има амбиции да излезе на европска сцена.

Слични новости

Соборен неславен рекорд на отварањето на Мундијалот со три црвени картони

Соборен неславен рекорд на отварањето на Мундијалот со три црвени картони

Досега во историјата на ниту еден натпревар што го отворил Светското првенство во фудбал немало три црвени картони, како што се случи на мечот на отварањето на Мундијалот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка.

СП во фудбал: Јужна Кореја ја победи Чешка со 2:1 по пресврт

СП во фудбал: Јужна Кореја ја победи Чешка со 2:1 по пресврт

Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја ја победи Чешка со 2:1 во вториот натпревар од групата А на Светското првентсво во фудбал. Чешка поведе во 59 минута со голот на Ладислав Крејчи, но осум минути подоцна Хванг Ин Бом израмни на 1:1.