Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим има шанси да ја освои титулата во Премиер лигата и оти в недела на домашен терен ќе игра „финале“ на Премиер лигата. „Ќе играме против тим кој во последните 49 натпревари има загубено само три пати, без ниту еден пораз во Лигата на шампионите“, рече Гвардиола. 

Гвардиола рече дека Арсенал до сега беше најдобар тим во Англија и светот и дека ќе биде тешко да се победат и ги повика навивачите да му дадат поддршка на неговиот тим.

Во неделата Манчестер Сити го победи Челси на гости со 3:0, а Арсенал неочекувано киксираше против Бормут на домашен терен, па разликата меѓу првите два тима е само 6 бода, со натпревар помалку за Сити.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.