План за повлекување авиони, воени бродови, оружје и десетици илјади американски војници од Европа разгледува Пентагон, и покрај предупредувањата од сојузниците на НАТО за растечката закана од руска агресија, јави Ен-Би-Си повикувајќи се на сегашни и поранешни западни и американски функционери.
Станува збор за можно повлекување на околу една третина од американскиот контингент, односно приближно 25.000 војници, додека некои извори тврдат дека бројката би можела да достигне и до половина од вкупните сили – до 40.000 луѓе.
Доколку тој план се спроведе, тоа ќе биде најрадикалното намалување на американското воено присуство на европскиот континент од крајот на Студената војна, во време кога на континентот има околу 80.000 американски војници.
Намалувањето на силите би ги погодило најмногу Германија, Италија и Шпанија, земјите каде што се наоѓаат повеќето американски бази.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.