Министерот за внатрешни работи на Иран Ескандер Момени ги започна во Пакистан преговорите со посредниците во мировните разговори, објави Асошиејтед прес. Според зборовите на официјални лица на Пакистан, Момени одржал две рунди разговори со пакистанските посредници.
Пакистан одигра клучна улога во посредувањето при минатомесечниот привремен договор меѓу САД и Иран и сега настојува да ги убеди Вашингтон и Техеран да се вратат на преговарачката маса и да ги решат отворените прашања во согласност со јунскиот меморандум за разбирање.
Иран вчера нападна танкер во Ормутскиот теснец и ја принуди посадата да го напушти бродот, додека САД извршија нова серија воздушни напади врз Иран.
Ескалацијата на судирите доведе до повторно затворање на Ормутскиот теснец и големо зголемување на цената на нафтата и другите енергенти.
Слични новости
Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.
САД со нови напади врз Иран
Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека биле погодени командни центри, ракетни и беспилотни системи, како и објекти за противвоздушна одбрана.
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

