Перспективниот италијански тренер Роберто Де Зерби веќе не е тренер на Олимпик од Марсеј откако клубот се реши на спогодбен раскин на договорот со Италијанецот.

На Де Зерби му беше прогледно низ прсти за поразот од Бриж и елиминацијата во Лигата на шампионите, но по дебаклот против ПСЖ, клубот реши да му даде отказ.

Следниот меч што ќе го игра Олимпик без Де Зерби е на домашен терен против Стразбур, но со веќе двоцифрено бодовно заостанување зад водечкиот ПСЖ.

Слични новости