Шампионот Оклахома Сити убедливо ги победи Лејкерс со 123:87 на три кола пред крајот на регуларната сезона и го обликуваше костурот на плеф офот.

Со оваа победа Оклахома е сигурно прва со предност на домашен терен, а во полуфиналето на плеј офот би играла токму против Лејкерс, додека ги остава силните Денвер и Сан Антонио меѓусебно да се елиминираат во полуфиналето на Западот.

Оклахома немаше тешка задача бидејќи двајца клучни играчи од тимот на Лејкерс Лука Дончиќ и Остин Ривс се повредија токму на претходниот меч против Оклахома и нема да може да играат до крајот на регуларата сезона.

Доколку Дончиќ и Ривс не се вратат на теренот од повредите, прашање е дали Лејкерс ќе може да го мине во првото коло Хјустон.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.