Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.
Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.
Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.
Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.
Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.
Слични новости
Бура од реакции откако Илон Маск е наведен во преписки меѓу него и Епстин
Маск на својата социјална мрежа Икс наведе дека имал многу ограничена комуникација со Епстин и дека имал повеќекратни покани да го посети неговото острово или да патува со неговиот авион.
Министерството за правда на САД објави над 3 милиони документи и фотографии за случајот со Епстин
Објавените досиеја го содржат и нацрт обвинението од Флорида во 2000-та, кое укажува на соучесници на Епстин, чии имиња не се објавени, а кои планирале да наговорат, поттикнат и привлечат лица помлади од 18 години на проституција.
Гутереш: Глобалните проблеми нема да се решат со тоа што една сила ќе ги носи сите одлуки
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го критикуваше геополитичкото однесување на Кина и на Соединетите Држави под претседателство на Доналд Трамп.