Церемонијата на доделувањето на наградите Еми ќе се одржи ноќеска во театарот Пикок во центарот на Лос Анџелес, а церемонијата ќе ја води ѕвездата на серијата „Закон и ред“ Мариска Харгитај.
Новитет е што наместо традиционалниот црвен, годинава се очекува син килим.
Овогодишната листа на Еми номинации ја предводи серијата „The Pitt“ со 25 номинации додека „Hacks“ има 24 номинации.
Новата серија „Widow bay“ има 19 номинации, а од порано познатите серии британската серија „Slow Horses“ има 9, а „Shrinking“ 10 номинации.
Слични новости
Нетфликс ги купи ексклузивните права за Светското првенство во Шпанија 2030
Нетфликс соопшти дека во живо ќе ги пренесува сите 104 натпревари од турнирот со 48 репрезентации, а домаќини ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко.
Фијаско на „ Social Reckoning“ на Бокс офисот со заработка од само 5,5 милиони долари
Продолжението на хитот „Social Network“ на сценаристот и режисерот Алан Соркин „ Social Reckoning“ доживеа фијаско на Бокс офисот со заработка од само 5,5 милиони долари во САД на премиерниот викенд.
„Другата мајка“ најгледан филм на американскиот Бокс офис викендов, што го продолжува трендот на успешни хорори
Хоророт „ Другата мајка “ со Џесика Кастаин беше убедливо прв на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 27,5 милиони долари. Филмот на Универзал е нискобуџете и чинеше само 19 милиони долари, а заработката на кино благајните е далеку над очекувањата.


