Хоророт „ Другата мајка “ со Џесика Кастаин беше убедливо прв на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 27,5 милиони долари. Филмот заработи и 18 милиони долари на странските пазари, за вкупна заработка од 45, 5 милиони долари. Филмот на Универзал е нискобуџете и чинеше само 19 милиони долари, а заработката на кино благајните е далеку над очекувањата.

Филмот има успех на Бокс офисот и покрај исклучително слабите оценки и од публиката и од стручната критика. Публиката му даде оценка на филмот Д што е најлоша оценка по „Мегалополис“ на Френсис Форд Копола во 2024, а Ротен Томејтоус му даде мизерни 19 насто.

Лоши оценки филмот доби и од стручната критика, но „Другата мајка“ го потврди трендот на извонреден успех на хорорите на Бокс офисот годинава, особено на оригиналните наслови.  

 

Слични новости