Кошаркарите на Денвер Нагетс денеска ги победија Јута Џез со 130:117 и така ја запишаа седмата последователна победа во низа, во борбата за што подобар пласман во западната конференција.
Лидерот на Денвер Никола Јокиќ забележа 15 поени, 17 скокови и 12 асистенции, со што стигна до неговиот 196-ти трипл дабл во кариерата.
Џамал Мареј погоди десет тројки и заврши како најефикасен во редовите на Денвер со 37 коша, Кам Џонсон постигна 19, а Кристијан Браун 18.
Денвер е на четвртата позиција на Западот и според сегашниот редослед на табелата во првото коло ќе игра против петопласираниот Хјустон.
Слични новости
НБА: Тренерот Џамал Мозли го напушти Орландо и потпиша договор со Њу Орлеанс
НБА соопшти дека Мозли потпишал петгодишен договор со Њу Орлеанс Пеликанс за соработка со франшизата од Луизијана.
Мурињо нов тренер на Реал Мадрид
Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид. Сите услови меѓу Мурињо и Реал Мадрид се усно договорени, останува уште потпишување на документите.
Кливленд Кавалиерс во голем стил во финалето на Источната конференција
Кливленд Кавалиерс убедливо го победија на гостински терен фаворитот Детроит Пистонс со 125:94 во седмиот решавачки меч и со вкупна победа од 4:3 се пласираа во финалето на Источната конференција.


