Кошаркарите на Денвер Нагетс денеска ги победија Јута Џез со 130:117 и така ја запишаа седмата последователна победа во низа, во борбата за што подобар пласман во западната конференција.

Лидерот на Денвер Никола Јокиќ забележа 15 поени, 17 скокови и 12 асистенции, со што стигна до неговиот 196-ти трипл дабл во кариерата.

Џамал Мареј погоди десет тројки и заврши како најефикасен во редовите на Денвер со 37 коша, Кам Џонсон постигна 19, а Кристијан Браун 18.

Денвер е на четвртата позиција на Западот и според сегашниот редослед на табелата во првото коло ќе игра против петопласираниот Хјустон.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.