Денвер Нагетс го победија Портланд на домашен терен со 128:112 и го задржаа петтото место во Западната конференција на НБА лигата.
Никола Јокиќ постигна нов трипл дабл со 22 коша, 14 скокови и 14 аистенции.
Кај Денвер 22 коша постигна и Џамал Мари, Кам Џонсон постигна 19, а Кристијан Браун 15 кошеви. Во редовите на Денвер по долга повреда се врати и Пејтон Вотсон, кој постигна 15 коша.
Во екипата на Портланд најефикасен беше Дени Авдија со 23 коша и 14 асистенции, а Донован Клинган забележа 18 поени со 13 скокови.
Слични новости
Њујорк Никс поведоа со 2:0 во финалето на Источната конференција на НБА
Кошаркарите на Њујорк Никс поведоа со 2:0 против Кливленд Кавалирс во финлаето на плеј офот на Источната конференција на НБА лигата, откако утринава...
Вечерва почнува фајнал форот на кошаркарската Евролига
Во првото полуфинале од 17 00 часот Олимпијакос од Пиреа ќе игра против турскиот претставник Фенербахче, а од 20 00 во второто полуфинале ќе играа Реал Мадрид и дебитантот во ова натпреварување Валенсија.
Оклахома израмни против Сан Антонио во финалето на Западот
Кошаркарите на Оклахома утринава на свој терен го победија Сан Антонио и израмнија на 1:1 во финалето на плеј офот на Западната конференција на НБА лигата.


