Законското усогласување на минималната плата од 1.600 денари излезе во Службен весник. Со ова мартовските примања на оние кои добиваат минималец ќе изнесуваат 26.046 денари. Според, последните податоци за синдикалната минимална кошничка која секој месец ја објавува ССМ една минимална плата оди само за храна и пијалаци.

ССМ  пооследно на состанокот на еконосмко социјалниот совет ја напушти седницата и не даде согласност за ова усогласување, поради што е донeсено без потребното претходно мислење од ЕСС, заради немање на кворум.

ССМ пак извеsен период бара минамалната плата да биде 600 евра, а за 100 евра да пораснат и останатите плати.  Поради неуспешни преговори излегоа и на протести, а во моментов се  прават консултациите со синдикатите и работниците за организирање и на генерален штрајк.

Според, нивните последни пресметки на едно четиричлено семејство за да го истурка месецот му се потрбени над 67 илјади денари за покривање на основните трошоци.

 

 

Слични новости

Нови американски напади врз Иран

Нови американски напади врз Иран

САД извршија нови воздушни напади врз воена локација во иранскиот град Бандар Абас, стратешко пристаниште во близина на Ормутскиот Теснец.
Според американската Централна команда, целта била уништена непосредно пред да биде лансиран дрон, а американските сили собориле уште четири ирански беспилотни летала кои претставувале закана во регионот.