Израел и САД во моментов имаат „надмоќ“ и контрола врз речиси целиот ирански воздушен простор, изјави израелскиот амбасадор во ОН Дени Данон.
Тој посочи дека во наредните денови Израел ќе ја покаже таа супериорност, откако беа извршени нови воздушни напади врз ирански ракетни лансери и истражувачки нуклеарен објект.
Иран возврати со десетици балистички ракети кон Израел, како и со напади низ регионот на Заливот, таргетирајќи американски амбасади и предизвикувајќи прекини во енергетските испораки и воздушниот сообраќај.
Поголемиот дел од ракетите биле пресретнати, но од почетокот на конфликтот загинале најмалку 11 лица во Израел.
Данон предупреди дека и покрај тоа што американско-израелските напади ги ослабнале иранските капацитети, Техеран и натаму располага со ракети скриени под земја и во тајни локации. Тој порача дека операциите нема да траат бесконечно, но дека целта останува јасна „без нуклеарно оружје, без ракетна закана и без терористичка инфраструктура.“
Слични новости
Путин: Војната во Украина се ближи кон крајот
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека ситуацијата на фронтот во Украина дава основа да се каже дека војната во Украина се приближува кон крајот. Путин сепак рече дека не е можно да се одредат специфични датуми за окончување на конфликтот
Израелската војска тврди дека ја зазела тврдината Бофор во јужен Либан
Израелските трупи ја зазедоа стратегиски важната тврдина Бофор, која ја имаат изградено крстоносните војници во јужен Либан, објави израелската армија.
Трамп ги заостри условите за мировна спогодба со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп ги заостри условите на потенцијалниот договор за окончување на војната со Иран и му испрати променет предлог на Техеран за разгледување, изјавија службеници на американската администрација за „Њујорк Тајмс“.


