Израел и САД во моментов имаат „надмоќ“ и контрола врз речиси целиот ирански воздушен простор, изјави израелскиот амбасадор во ОН Дени Данон.

Тој посочи дека во наредните денови Израел ќе ја покаже таа супериорност, откако беа извршени нови воздушни напади врз ирански ракетни лансери и истражувачки нуклеарен објект.

Иран возврати со десетици балистички ракети кон Израел, како и со напади низ регионот на Заливот, таргетирајќи американски амбасади и предизвикувајќи прекини во енергетските испораки и воздушниот сообраќај.

 

Поголемиот дел од ракетите биле пресретнати, но од почетокот на конфликтот загинале најмалку 11 лица во Израел.

Данон предупреди дека и покрај тоа што американско-израелските напади ги ослабнале иранските капацитети, Техеран и натаму располага со ракети скриени под земја и во тајни локации. Тој порача дека операциите нема да траат бесконечно, но дека целта останува јасна „без нуклеарно оружје, без ракетна закана и без терористичка инфраструктура.“

 

Слични новости

Нови руски удари во Украина

Нови руски удари во Украина

Нападите следуваат по краткото примирје за време на православниот Велигден, за кое двете страни меѓусебно се обвинија дека го прекршиле.

Иран го обвинува Венс дека го известувал Нетанјаху за текот на преговорите

Иран го обвинува Венс дека го известувал Нетанјаху за текот на преговорите

За време на неодамнешните разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс одржувал паралелна комуникација со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави иранската телевизија.