Израел започна воздушни напади рано наутро насочени кон централен и западен Иран како одговор на ракетниот оган од Техеран, напади што се заканија да го вратат поширокиот Блиски Исток во регионална војна.

Иран го затвори воздушниот простор околу меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран.

Иранската државна телевизија пак објави дека се слушаат експлозии во Исфахан, Карај, Тебриз и Техеран.

Сведок во Техеран опиша дека слушнал барем една голема експлозија некаде западно од главниот град на земјата. Револуционерната гарда на Иран соопшти дека Израел употребил балистички ракети лансирани од воздух во нападот, без да дава детали.

Белата куќа се уште не одговори на пораките за нападите и дали тие биле извршени во координација со САД.

Слични новости

Трамп разочаран од Израел

Трамп разочаран од Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп е се понезадоволен од постапките на Израел, за кои Вашингтон смета дека може да ги отжнат преговорите со Иран и дополнително да ги подигнат тензиите на Блискиот исток, пишува Политико повикувајќи се на извори во Белата куќа.

Иран изврши ракетни напади врз американски бази на Блискиот исток во знак на одмазда

Иран изврши ракетни напади врз американски бази на Блискиот исток во знак на одмазда

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда соопшти дека целта на нивните напади била американската Петта флота во Бахреин. Но ирански ракети биле пресретнувани и во Јордан и Кувајт.